Skip to main content
Bild
Вести

Национален приоритет е да се креираат планови и патокази за дигитална трансформација и да се финансираат иницијативи за дигитализација на претпријатијата. Важно е државата да се фокусира на зелената дигитализација и на создавање еколошки одржливи дигитални инфраструктури, беше речено на конференцијата „Go Green: Обезбедување дигитална еколошка одржливост“ во организација на Бирото за регионален развој. Оваа конференција се организира во рамки на проектот „Компјутерската моќ станува зелена“, финансиран од ЕУ во рамки на Interreg Balkan Med Program 2014 – 2020.