Skip to main content

СТОП за насилството

ОБСЕ: СТОП за насилството

  • ОБСЕ (Организација за безбедност и соработка во Европа) објави истражување за насилството врз жените во ЦИЕ (во Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, С. Македонија, Србија, Молдавија, Косово и Украина) во 2019 година. Ова истражување беше реализирано со цел да се обезбедат споредливи податоци за различните форми на насилство што ги доживеале жените во детството и подоцна, во текот на нивниот живот. Иако претходно, овој проект веќе беше промовиран во текот на 2019 година, сепак, ОБСЕ сакаше да постигне поголемо влијание и да ја подигне свеста за темата за време на кампањата „16 дена активизам“ (25 ноември - 10 декември).
  • Чептер 4 предложи интегриран пристап кој ќе се справи со едно од најважните прашања поврзани со насилството врз жените: тишината. Поради социјалното и културното опкружување во ЦИЕ, многу е вообичаено жените да не се подготвени да зборуваат, додека тие прифаќаат дека насилството е „нормално“. Создадовме инклузивно кампања: од пораки, до развој на визуелни содржини, па се до реализација преку односи со медиуми, социјални медиуми, конекции со инфлуенсери итн.
Bild

Преглед на Кампањата

  • Опфатени се 35,7 милиони лица (преку печатени, дигитални и инфлуенсерски медиуми)
  • Над 20.000 кликања на веб страницата на кампањата во рок од 3 недели
  • Испечатени и дистрибуирани 5.000 полициски постери низ полициските станици во регионот
  • Пуштена е во употреба веб страницата за брза помош и информации за кампањата (www.stopwavnow.org)
  • Креирани се 2 Инстаграм маски, кои органски се здобија со над 90.000 прегледи во рок од 2 недели (без ниту една реклама за време на кампањата)
  • Дизајнирани 5 различни главни визуелни материјали со адаптации на 9 различни јазици, со силни факти и цитати

35мил

опфатени лица