Skip to main content
Bild
vesti

Дваесет години на македонскиот пазар нудите креативни решенија за греење и ладење на уредите. Како се роди идејата за основање на Термо Систем?

Иницијалната инспирација беше мојата голема желба да развијам сопствен бизнис, но беше важно и дали ќе придонесам да се подобри пазарот. Моментот кога увидов дека моето познавање и искуство ќе значат позитивна промена на пазарот, односно подобра понуда и поквалитетна опрема, веќе немаше двоумење. Како што спомнав, имав претходно искуство, знаење и познавање на состојбите кои помогнаа правилно да го насочам мојот ангажман и да понудиме опрема која, во тој период, беше дефицитарна на пазарот. Денес, 20 години подоцна со задоволство може да заклучам дека вложениот труд се исплатеше, затоа што компанијата изгради единствен имиџ и Термо Систем е препознатлива по висококвалитетната опрема и одличните и комплетни идејни решенија кои ги нудиме на пазарот. Почнавме како фирма основана за увоз, трговија, инженеринг и изведба на инсталации во областа на греењето, климатизацијата, водоводот и соларните системи. Но пораснавме благодарение на искуството што го стекнавме, успесите, подемите и повремените падови. Остануваме на нашата цел да продолжиме да растеме, не само како компанија и бизнис, туку и во однос на квалитетот на услугите, висококвалитетната опрема и развојот на идејни решенија со иновативни и еколошки практики кои креираат енергетски одржливи и ефикасни системи.

 

Кои вредности ги пренесувате на вработените, но и на вашите коминтенти, при работењето за компанијата?

Нашите вработени се дел од лицето на Термо Систем, односно се незаменливо човечко богатство кое во изминатите 20 години помогна да изградиме имиџ на компанија што нуди врвен квалитет и услуга. Но и еден значаен круг лојални потрошувачи кои одново и одново ја доверуваат задачата да им го дадеме оптимално најдоброто и најквалитетно решение и услуга. За нас од исклучителна важност е да се задржи и оправда довербата која ја имаме кај купувачите на кои им нудиме комплетни долготрајни решенија. Впрочем, низ овие години Термо Систем израсна во синоним за посветеност и стремеж кон повисоки цели, а за сето тоа придонесуваат и нашите вработени. Нивната посветеност и лојалност се поткрепени со искреност кон потрошувачот што дава дополнителна вредност на нашите услуги. Особено значајно е и чувството на припадност во тимот, во што вложуваме труд да го изградиме и одржиме кај сите наши вработени.   

 

Кој е клучот за создавање доверба кај купувачите кои инвестираат во високо квалитетни, енергетско ефикасни производи и на тој начин, ја штитат животната средина?

Наоѓање на вистинските енергетски ефикасни решенија кои комплетно ќе ги задоволат нивните потреби и притоа ќе ја имаат целосната поддршка од Термо Систем. Секој потрошувач е различен, неговите очекувања понекогаш може да бидат и исклучително високи. И затоа особено сум горд кога забележувам и високо ниво на задоволство на купувачите од економичноста, ефикасноста и долготрајноста кои ги имаат нашите решенија и опрема. Професионалниот однос на нашите вработени помага подобро да го запознаеме и потрошувачот за да се креира оптимално најдоброто решение за него. А, притоа да понудиме висококвалитетна опрема, стручност и иновативни идејни решенија.

Колку „насмевки“ успеавте да создадете кај вашите купувачи како резултат на задоволство од соработката со Термо Систем?

Најголемиот успех на една компанија се топлите препораки од задоволните купувачи и изградената меѓусебна доверба. Насмевките се огромна мотивација да продолжиме да чекориме заедно по изградениот пат на успехот. За сите овие години може да се пофалиме со огромен број задоволни и насмеани купувачи кои ја дадоа довербата за креирање удобен и комфорен амбиент. И се разбира, нивната доверба е инспирација и за нас секогаш да ги дочекаме со насмевка.

 

Во време на пандемијата, при најголемата криза, одлучивте да изградите петкатен изложбен салон во Карпош, близу болницата Систина. Зошто?

Нашата идеја беше да се инвестира во нов високо енергетско ефикасен објект со имплементација на најсовремени иновативна решенија за греење и ладење. Во период кога на сите ни беше тешко сакавме да останеме позитивни, да размислуваме за посветла иднина и да инвестираме во она во кое сме најдобри. Добивме изложбен салон каде и потрошувачот има можност да се запознае со нашите услуги и опрема што го олеснува и неговиот избор. Може и практично да види како изгледаат две потенцијални решенија и полесно да го избере она што смета дека подобро ќе одговара за неговиот проект, а се разбира и нашите професионално обучени вработени ќе му помогнат да го одбере вистинското решение од нашата понуда.

 

Каде ја гледате Термо Систем како компанија во наредната декада?

За мене „иднина“ значи раст на Термо Систем, а тоа значи и уште поголем број задоволни купувачи. За таа цел ќе продолжиме да ја зголемуваме нашата понуда со нови светски познати брендови и на нашите потрошувачи ќе продолжиме да им нудиме се што е потребно на едно место. Опремата во нашата понуда се карактеризира со врвен квалитет и тоа е услов кој ќе биде водилка при збогатување на понудата со нова опрема со врвен квалитет. Ќе продолжиме да вложуваме во високо квалитетна услуга и да ја развиваме да одговори на најсовремените очекувања и барања на нашите потрошувачи. Се разбира во тоа помага и нашиот професионален тим вработени, како и современиот изложбен салон каде купувачите може да се запознаат со дел од најновите решенија на пазарот. Ќе продолжиме во нашите решенија да имплементираме најсовремени технологии, кои ја создаваат и нашата препознатливост на пазарот.

 

Две децении Термо Систем - синоним за квалитетна опрема и комплетни идејни решенија (ekonomijaibiznis.mk)