Интервју со Горан Николоски, сопственик на Интеркредит Македонија
Термините „сигурност“ и „релевантност“ се повеќе ги окупираат мислите на бизнисмените во светот. Како Вие како компанија ја гарантирате оваа сигурност и релевантност? Компаниите треба да се фокусираат на следење на најновите стандарди за сигурност и да ги имплементираат во своите системи и процеси. Под тоа подразбираме константна проверка на сите потенцијални клиенти или добавувачи. Потребата од финансиски извештаи главно е да се проследи финансиската состојба на компанијата и да се процени нивниот финансиски перформанс. Овие извештаи даваат информации за историјата на компанијата, приходите, трошоците, активите и пасивите на компанијата и за тоа како компанијата управува со своите ресурси.
Како да го намалиме функционирањето на концептот „глобална економска измама“. Постои ли механизам и начин?
Во деловната клима на жестока конкуренција и зголемена непредвидливост, исклучително важна е способноста за заштита од ризикот од неплаќање. Секоја компанија која испорачува стоки и услуги со одложено плаќање мора да го земе предвид овој ризик, имајќи предвид дека неисполнување на обврските и банкротите може да се случат во секое време.
Последиците од неплатените штети може да предизвикаат моментална загуба на заработка, пад на приходот, намалување на ликвидноста и на крајот, да доведат дури и неликвидност на осигурениците. Компаниите треба да се фокусираат на следење на најновите трендови и да ги имплементираат во своите системи и процеси. Ова вклучува употреба на најновите технологии и методологии за да се оствари повеќе релевантност и ефикасност во работата. Глобалната економска измама е голем предизвик за светската економија. За да ја намалиме оваа проблематика, потребно е да има подобра соработка и координација меѓу државите и различните институции. Треба да се воведат строги прописи и стандарди, како добра пракса за справување со овој проблем. Исто така, компаниите може да имаат активна улога во борбата против глобалната економска измама со усвојување на етички и законски стандарди за бизнисот, обука и подигнување на свеста на нивните вработени за препознавање и известување на потенцијални случаи на измама.
Многу фирми се соочуваат и со предизвикот на наплата на долгови. Како им помагате на овие компании?
Компаниите може да се соочат со предизвикот на наплата на долгови доколку претходно не знаат со кого соработуваат. За да им помогнеме на овие компании, нудиме финансиски совети и услуги, како на пример евалуација на потенцијални ризици при соработка со странски компании. Исто така, асистираме при вон-судска наплата на побарувања со директна комуникација со должникот како и посети на терен. Исклучително важно е компаниите да се фокусираат на намалување на загубите и да го префрлат ризикот на осигурителот.
Постои ли можност компаниите, пред да стапат во должничко-доверителски односи, да го проверат потенцијалниот соработник?
Секако, со продуктите на КОФАС, секоја македонска компанија има можност да го провери потенцијалниот клиент, историја на плаќања, финансиска стабилност, репутација на самата компанија, како и поврзаноста помеѓу компаниите.
Кога компанијата презема ризик за да го развие бизнисот, Вие како компанија нудите можност за помош во отпочнувањето и осигурување на тој ризик. Што значи ова?
Како застапници на една од највлијателните компании за експортно осигурување КОФАС на македонскиот пазар, од неодамна нудиме и експортно осигурување или накратко кажано, осигурување од ризик при извоз. Ова иновативно решение нуди можност на компаниите од Македонија, при извоз или вршење услуги за странски компании, да можат да го осигураат нивното побарување преку КОФАС. Тоа значи, доколку клиентот од која било причина, не ја плати обврската кон македонската компанија, КОФАС го покрива тој ризик. Тоа е големо олеснување за македонските компании, затоа што сме сведоци дека секојдневно имаме нови и нови случаи на банкрот, стечај или едноставно, одбивање на плаќање на фактурите. Исто така, на компаниите кои само што почнуваат со работа, им нудиме можност да пребаруваат потенцијални клиенти преку платформата на КОФАС – Business Finder, URBA360, каде преку однапред зададени параметри, клиентите можат да најдат пазар за нивните продукти и услуги низ целиот свет.